Способноста за активно слушање е една од најважните вештини во комуницирањето. Оваа вештина влијае на ефикасноста на вашата работа и на квалитетот на односите со другите.
Независно дали сте на формална или неформална средба, бидете активен слушател. Покажете внимание, ослободете го телото и бидете присутни во моментот.

Како да станете активен слушател?

Ставете го мобилниот телефон на страна. Не дозволувајте фокусот да ви биде на одговарање на електронска пошта, одговарање на смс пораки или “скролање” на социјалните мрежи.

Покажете свесност за улогата во вашата комуникацијата. Дозволете му на соговорникот да зборува и избегнувајте да додавате свои зборови во неговото изразување.

Слушајте без да судите за она што се споделува. Многу е важно соговорникот да се чувствува сигурно додека комуницирате. Слушајте ги неговите ставови и идеи независно дали се слични на вашите.

Подобрете го говорот на вашето тело додека слушате. Гледајте го соговорникот во очи, само така ќе покажете заинтересираност за неговите идеи и размислувања.