За нас

Комуницирањето е една од клучните алатки за личен и професионален развој.
Многу често, најдобрите и највредните идеи остануваат несподелени, само затоа што имаме слаби комуникациски вештини или пак дозволуваме стравот од зборување пред публика да не совлада.

Како да ги споделите Вашите мисли и идеи и притоа да го постигнете успехот кој го заслужувате?

Центарот за јавно говорење нуди индивидуални, групни и корпоративни тренинг програми фокусирани на унапредување на начинот на комуницирање и усовршување на презентациски вештини, што ќе придонесат за поголеми резултати за Вас, Вашите соработници и Вашата компанија.

Тренинг програмата ќе ви помогне при:

• Стекнување на основен говорен и презентерски статус
• Совладување на основни и напредни говорнички вештини
• Креирање на содржина за презентација
• Усовршување на изговор, ритам, гестикулација
• Координација на невербална комуникација
• Контролирање на трема и страв од јавен настап
• Стекнување на говорен стил и имиџ