Основач на Центар за јавно говорење и тренер за јавен настап
Родена е 1989 година во Скопје. По професија е дипромиран новинар, а од 2014 година е магистер по односи со јавност. Во 2006 година е прогласена за најдобар оратор - средношколец на град Скопје, признание од Американската агенција за меѓународен развој USAID. Во 2009 година е прогласена за најдобар оратор на ораторските вечери „Иво Пухан” на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје. Димишкова е прв добитник на специјалната награда „Бранко Ѓорчев”, за најдобар сценски настап во Македонија.
Има работено како тренер за јавен настап на повеќе проекти од областа на говорништвото, меѓу кои: „Вештини на јавно говорење” (проект реализиран во 2010 година од страна на град Скопје и Министерството за образование и наука на Р. Македонија); „Јазични бариери во комуницирањето” (проект реализиран во 2011 година од страна на NEA Environmental News Agency); „Победете го стравот од јавен говор” (проект реализиран во 2012 година од страна на Honeybiz Marketing Agency) и многу други. Во февруари 2019 година, го основа Центарот за јавно говорење како единствен едукативен центар во државата наменет за унапредување на јавен настап и презентациски вештини.
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.