Јована Јаневска
Марија е повеќе од одличен тренер. Посветена целосно на клиентот и неговите потреби.Дефинитивно ова е една од најдобрите програми за совладување на тремата и стравот од јавните настапи.
Со оглед на моите работни задачи , тренинг програмата ми помогна да стекнам позитивно говорничко искуство и да ги совладам основните алатки и вештини за комплетна презентација и јавен настап.
Јана Марковска
Ја посетував програмата заЈавно говорење и стекнав многу позитивно искуство.Сметам дека секој има потреба од унапредување на јавниот говор, затоа што секогаш може подобро.
Марија Латиновска
Од срце го препорачувам Центарот затоа што многу корисни работи научив, преку практични примери и вежби.Марија е одличен предавач, кој точно знаеше да процени на што треба да се фокусираме и што треба да се поправи во моите презентации.Советите кои ги добив ќе ми користат како професионално, така и во секојдневието.
Ива Лабан
Леа Огњановска
Областа на јавното говорење бара навистина специфично знаење и вештини, но "трикот" е токму во тоа како тие да се пренесат и прилагодат. Центарот за јавно говорење го може тоа, професионалниот профил на Марија е надополнет со енергија и умешност да ве води низ процесот и да ве обликува.
Ивана Давидовска Игњатова
Доколку ви треба професионалец, кој што си ја знае работата тогаш Марија е човекот за вас. Достапна цело време за било какви прашања и дилеми. Ве спрема од секој аспект за јавниот говор за на крај да изгледате беспрекорно. За следните јавни говорења ќе знам каде да се обратам. Ми беше огромно задоволство работењето со неа.
Ти благодарам Марија за професионалноста, продуктивните тренинзи кои со нетрпение ги очекував, како и за несебичното пренесување на големото знаење и искуство кое го поседуваш.
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.