Центар за јавно говорење е формиран 2019 година, како единствен едукативен центар во државата наменет за унапредување на јавен настап и презентациски вештини.
Комуницирањето е една од клучните алатки за личен и професионален развој. Многу често, најдобрите и највредните идеи остануваат несподелени, само затоа што имаме слаби комуникациски вештини или пак дозволуваме стравот од зборување пред публика да не совлада.
Како да ги споделите Вашите мисли и идеи и притоа да го постигнете успехот кој го заслужувате? Центарот за јавно говорење нуди индивидуални, групни и корпоративни тренинг програми фокусирани на унапредување на начинот на комуницирање и усовршување на презентациски вештини, што ќе придонесат за поголеми резултати за Вас, Вашите соработници и Вашата компанија.
Тренинг програмата ќе ви помогне при: • Стекнување на основен говорен и презентерски статус • Совладување на основни и напредни говорнички вештини • Креирање на содржина за презентација • Усовршување на изговор, ритам, гестикулација • Координација на невербална комуникација • Контролирање на трема и страв од јавен настап • Стекнување на говорен стил и имиџ
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.