Дали чувствувате напнатост кога зборувате во група? Дали лесно ги споделувате вашите идеи и експертизи за време на работните состаноци? Дали сметате дека нешто им недостасува на вашите презентации? Центарот за јавно говорење нуди групни тренинг програми кои ќе ви помогнат во процесот на подобрување на комуникациските вештини и развивањето на автентичен стил на изразување во група, за време на работни состаноци и групни презентации. Едукативните програмите ќе ви помогнат при: – Трансформaција на стравот од зборување во група во позитивна возбуда која ќе ви помогне полесно да ги споделите вашите мисли и идеи – Совладување на основни и напредни говорнички вештини – Комуницирање со публика – Усовршување на гестикулација и експресивност – Координација на невербална комуникација – Стекнување на говорен стил и имиџ Групните тренинг програми можат да бидат организирани во:
4 недели тренинг програма – сесии во времетраење од 90 минути, секој петок во месецот. Тренинг програмата е составена од теоретско и практично изучување на јавното говорење и презентациските вештини. Теоретскиот дел вклучува сеопфатни знаења за определената тематска програма, додека практичниот дел има за цел секој учесник на тренингот да добие шанса за говорење. Во рамки на овој дел е предвидена анализа на начинот на говорење на учесникот и совети како да се унапредат презентациските вештини. Дводневна тренинг програма – сесии во времетраење од 180 минути, за време на работни денови во неделата. Тренинг програмата е составена од теоретско и практично изучување на јавното говорење и презентациските вештини. Теоретскиот дел вклучува сеопфатни знаења за определената тематска програма, додека практичниот дел има за цел секој учесник на тренингот да добие шанса за говорење. Во рамки на овој дел е предвидена анализа на начинот на говорење на учесникот и совети како да се унапредат презентациските вештини. Викенд тренинг програма – сесии во времетраење од 180 минути, за време на деновите од викендот. Тренинг програмата е составена од теоретско и практично изучување на јавното говорење и презентациските вештини. Теоретскиот дел вклучува сеопфатни знаења за определената тематска програма, додека практичниот дел има за цел секој учесник на тренингот да добие шанса за говорење. Во рамки на овој дел е предвидена анализа на начинот на говорење на учесникот и совети како да се унапредат презентациските вештини. Групните тренинг програми се составени од 5 – 10 учесници. Бројот на учесници е ограничен, се со цел сеопфатно внимание и посветеност на секој учесник.
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.