Дали чувствувате напнатост кога зборувате во група?Дали лесно ги споделувате вашите идеи и експертизи за време на работните состаноци?Дали сметате дека нешто им недостасува на вашите презентации? Центарот за јавно говорење нуди групни тренинг програми кои ќе ви помогнат во процесот на подобрување на комуникациските вештини и развивањето на автентичен стил на изразување во група, за време на работни состаноци и групни презентации. Групната тренинг програма ќе ви помогне при:- Трансформaција на стравот од зборување во група во позитивна возбуда која ќе ви помогне полесно да ги споделите вашите мисли и идеи- Совладување на основни и напредни говорнички вештини- Комуницирање со публика- Усовршување на гестикулација и експресивност- Координација на невербална комуникација- Стекнување на говорен стил и имиџ Напомена: Групите се составени од 5 - 8 учесници на тренинг програмата. Бројот на учесници е ограничен, се со цел сеопфатно внимание и посветеност на секој учесник на програмата.
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.