Центар за јавно говорење
Индивидуални, групни и корпоративни тренинг програми за јавен настап
Марија Димишкова
Во 2006 година е прогласена за најдобар оратор - средношколец на град Скопје, признание од Американската агенција за меѓународен развој USAID. Во 2009 година е прогласена за најдобар оратор на ораторските вечери „Иво Пухан” на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје. Димишкова е прв добитник на специјалната награда „Бранко Ѓорчев”, за најдобар сценски настап во Македонија.
Mенаџер за односи со јавност во Honeybiz- PR and Marketing Agency
''Марија е повеќе од одличен тренер. Посветена целосно на клиентот и неговите потреби. Дефинитивно ова е една од најдобрите програми за совладување на тремата и стравот од јавните настапи ''
Самостоен аналитичар на финансиска стабилност при Народна Банка на Република Македонија
'' Со оглед на моите работни задачи , тренинг програмата ми помогна да стекнам позитивно говорничко искуство и да ги совладам основните алатки и вештини за комплетна презентација и јавен настап ''
Основач и сопственик на креативното студио “Do:More“
'' Ја посетував програмата за Јавно говорење и стекнав многу позитивно искуство. Сметам дека секој има потреба од унапредување на јавниот говор, затоа што секогаш може подобро ''
Кандидат на докторски студии
" Областа на јавното говорење бара навистина специфично знаење и вештини, но "трикот" е токму во тоа како тие да се пренесат и прилагодат. Центарот за јавно говорење го може тоа, професионалниот профил на Марија е надополнет со енергија и умешност да ве води низ процесот и да ве обликува ''
Новинар
" Од срце го препорачувам Центарот затоа што многу корисни работи научив, преку практични примери и вежби. Марија е одличен предавач, кој точно знаеше да процени на што треба да се фокусираме и што треба да се поправи.Советите кои ги добив ќе ми користат како професионално, така и во секојдневието ''
Дипломиран физиотерапевт
" Доколку ви треба професионалец, кој што си ја знае работата тогаш Марија е човекот за вас. Достапна цело време за било какви прашања и дилеми. Ве спрема од секој аспект за јавниот говор за на крај да изгледате беспрекорно. За следните јавни говорења ќе знам каде да се обратам. Ми беше огромно задоволство работењето со неа ''
This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website.