Клиенти

Дел од изјавите на нашите задоволни клиенти

Јована Јаневска

Mенаџер за односи со јавност во Honeybiz- PR and Marketing Agency

''Марија е повеќе од одличен тренер. Посветена целосно на клиентот и неговите потреби. Дефинитивно ова е една од најдобрите програми за совладување на тремата и стравот од јавните настапи.

Елена Мучева

Самостоен аналитичар на финансиска стабилност при Народна Банка на Република Македонија

Со оглед на моите работни задачи , тренинг програмата ми помогна да стекнам позитивно говорничко искуство и да ги совладам основните алатки и вештини за комплетна презентација и јавен настап.

Јана Марковска

Основач и сопственик на креативното студио “Do:More“

Ја посетував програмата за Јавно говорење и стекнав многу позитивно искуство. Сметам дека секој има потреба од унапредување на јавниот говор, затоа што секогаш може подобро.

Леа Огњановска

Кандидат на докторски студии

Областа на јавното говорење бара навистина специфично знаење и вештини, но "трикот" е токму во тоа како тие да се пренесат и прилагодат.
Центарот за јавно говорење го може тоа, професионалниот профил на Марија е надополнет со енергија и умешност да ве води низ процесот и да ве обликува.

Марија Латиновска

Новинар

Од срце го препорачувам Центарот затоа што многу корисни работи научив, преку практични примери и вежби. Марија е одличен предавач, кој точно знаеше да процени на што треба да се фокусираме и што треба да се поправи во моите презентации.
Советите кои ги добив ќе ми користат како професионално, така и во секојдневието.

Ивана Давидовска Игњатова

Дипломиран физиотерапевт

Доколку ви треба професионалец, кој што си ја знае работата тогаш Марија е човекот за вас. Достапна цело време за било какви прашања и дилеми. Ве спрема од секој аспект за јавниот говор за на крај да изгледате беспрекорно. За следните јавни говорења ќе знам каде да се обратам. Ми беше огромно задоволство работењето со неа.