Дали ви се допаѓа бојата на вашиот глас?
Голем процент од учесниците на нашите тренинг програми се во дилема дека немаат чиста и убава боја на гласот. Не е редок ниту процентот на клиенти кои не ја разбираат моќта на гласот во една комуникација.
Не ја потценувајте улогата на гласот во комуникацијата со луѓето околу вас.
Неколку начини како да го подготвите гласот пред да ја започнете следната важна комуникација:
✅ Трудете се да бидете добро одморени, за да го избегнете моментот на рапав глас
✅ Направете неколку лесни вежби за разборување и активирање на гласот
✅ Хидрирајте се доволно, секогаш конзумирајте вода или чај, газираните пијалоци избегнувајте ги пред важна комуникација
✅ Штедете го вашиот глас, особено пред важни јавни настапи